ГРУПА ГРАЃАНИ ОД КОЧАНИ СО ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА БОЛНИЦАТА ВО ГРАДОТ

Група граѓани на Кочани, на иницијатива на еко-активистката Анна Симонова донираа нов под, јоргани, ќебиња, телевизори, кабловска телевизија, шкафчиња, нови столови, масички и столчиња за децата и белење во две бои на целото детско одделение на болницата во Кочани.

loading...

„Сега откако хигиенските услови се подобрени, продолжуваме да собираме донации, за да обезбедиме средства, за неколку апарати, коишто се потребни за лекувањето на нашите деца“, изјави за нашиот портал Анна Симонова.

„Ова драги сограѓани го направив самоиницијативно без пратеничка и градоначалничка плата.Но ова, со големо (НО) НЕМАШЕ ДА БИДЕ БЕЗ ВАС И ВАШИТЕ ДОНАЦИИ. За ова сите ќе добијат благодарници не знам од каде да почнам каде да завршам, но се чувствувам исполнето за ова достигнување. Ова не го направи ниту една власт туку ние, народот иако плаќаме се за подобро здравство. Вака ќе изгледаат сите соби во нашето Детско одделение, да повторам, обелено, со нови шкафчиња, тв и кабловска, нов под за кого чекаме соодветен мајстор да го намести и во останатите соби. Секој ваш денар беше вложен. Јас велам овде да не застанеме. Хигиенските услови се подобрени, но потребни се апарати кои се неопходни кога се лекуваат нашите деца,кои ги имам на, список. Не се којзнае колку пари кои ние не можеме да ги собереме, а со нив децата ќе добијат многу понавремен третман што е најважно. Оваа група е голема секој да даде по малку ќе ги набавиме овие апарати и децата нема да се трауматизираат. Ве повикувам сите кои сте во можност со акцент на бизнис секторот во Кочани… ЗА НАШИТЕ ДЕЦА, ДА ДОНИРАМЕ ЗА ПОДОБРО И НАВРЕМЕНО ЛЕКУВАЊЕ
-пулсоксиметар
-монитор
-билирубинометар
-дигитален термометар
-отоскоп
-екг
-апарат за притисок со мажетни
-педијатриски инфузиомат
-црп апарат“, напиша во групата KOЧАНИ ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ , активистката Анна Симонова.


loading...