Шефот на бугарската полиција и неговиот заменик поднесоа оставки, побараа законско решение за илегалните мигранти, што ќе ги штити полицајците

/

Главниот секретар на бугарското МВР главен комесар Петар Тодоров поднесе оставка. Тодоров ја соопшти својата одлука на брифинг со медиумите откако утринава беа повредени полицајци во нов инцидент со мигранти, јавува БГНЕС.

„Денеска, јас и мојот заменик главниот комесар Станев ги поднесуваме нашите оставки“, соопшти соопшти главен комесар Тодоров.

„Законската регулатива го охрабрува овој вид на бизнис – нелегалното пренесување на луѓе преку граница, додаде тој, и побара законско решение, што ќе ги штити полицајците кои со своите тела ги запираат илегалните мигранти.

Главен комесар Тодоров објави дека за периодот 2021 – 2022 година имало околу 4.000 предистражни постапки поврзани со трговија со луѓе, половината од нив завршиле со осудителни пресуди, но само 158 пресуди биле ефективни.





Претходна статија

Европратениците бараат Вагнер групата да се прогласи за терористичка

Следна статија

Учениците што следат настава на бугарски јазик во Босилеград добија нови учебници

Најново од Вести