|

ЗАЕВ: ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА Е ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМ ОТКОЛКУ ШТО Е ПРЕДНОСТ ЗА ДРЖАВАТА И ЗА ГРАЃАНИТЕ

„Техничката влада после две проби или две испитувања во 2016 и 2020 година навистина покажува дека повеќе е проблем за државата и граѓаните, отколку што е предност. Самата смисла на нејзиното постоење како што многу често нагласувам е за да спроведе избори и таа се составува заради изборите, но за жал кај нас се случи кризата со коронавирусот и видовме како еден министер за внатрешни работи знае да направи еден голем проблем со своите изјави, со своите постапки, со своето политиканство, управуван од центар на опозициската партија, само да се искористи тоа за гласови и избори и за ништо друго“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Слични Објави