УЧЕНИЦИТЕ ШТО ШТО ПРОТЕСТИРАА ПРЕД „Д-Р ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ“ ВЛЕГОА И ПОЛАГАА ПРИЕМЕН ИСПИТ

Прво учениците протестиираа, па потоа влегоа и полагаа приемен испит во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, објави „Нова Македонија“.

Ученици заедно со родителите денеска протестираа пред влезот училиштето барајќи уште една паралелка за медицински сестри на албански јазик, а не тестирање.

За отсекот медицински сестри на албански јазик се пријавиле 164 ученици, а треба да се примат 102, распоредени во 3 паралелки.

Учениците, пред да влезат на полагање, коментираа дека се незадоволни од тоа што многу малку време имале да учат, па затоа одбиваат да полагаат испит.