Велики петок – ден на страдањето и распнувањето на Христос
Велики петок се смета за најтажниот и најдраматичниот ден во христијанството, кога Исус Христос бил осуден и распнат, пишува БГНЕС.
Според евангелските сведоштва, Христос бил испрашуван од Синедрионот со цел да биде обвинет за богохулство. Откако не успеале во тоа, го обвиниле дека се нарекол „Цар јудејски“ и дека подготвува бунт против римската власт, по што бил предаден на римскиот намесник Понтиј Пилат.
Иако Пилат ги сметал обвиненијата за неосновани и предложил да биде ослободен, насобраната толпа барала: „Распни го, распни го“. За да се огради од одлуката, Пилат „си ги измил рацете“ и го предал Христос на војниците.
Со трнов венец на главата, Исус го понел крстот кон Голгота, каде бил распнат меѓу двајца разбојници. Според Евангелието по Марко: „Беше третиот час и Го распнаа. Имаше натпис за вината Негова: Цар јудејски. Со Него распнаа и двајца разбојници, еден оддесно, а друг одлево. И се исполни Писмото кое вели: ‘И меѓу беззаконици беше вброен’.“
