Илијана Јотова стана покровител на Светското првенство за спортисти со Даунов синдром во Софија
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова стана покровител на Светското првенство за спортисти со Даунов синдром, кое ќе се одржи од 13 до 19 јуни во Софија, јавува БГНЕС.
„За нас е огромна чест што претседателката Илијана Јотова ја прифати улогата на покровител на Светското првенство. Ова е силен знак за поддршка кон нашата кауза и кон сите спортисти кои со упорност, талент и инспирација покажуваат дека спортот нема граници. Настанот е важен чекор кон инклузијата на различните спортисти и кон афирмирање на вредностите на еднаквост, почит и солидарност. Убедени сме дека Софија ќе биде домаќин на едно незаборавно првенство, кое ќе обедини луѓе од целиот свет во името на спортот и на човечките вредности“, изјави Слав Петков, претседател на Федерација за адаптирана физичка активност (ФАФА).
Амбасадори на шампионатот се Карлос Насар и Григор Димитров, а лица на спортската и уметничката гимнастика се Красимир Дунев и Борјана Калеин.
На Светското првенство, организирано од ФАФА, ќе учествуваат над 400 спортисти од повеќе од 40 држави, кои ќе се натпреваруваат во пет дисциплини – спортска и уметничка гимнастика, тенис, пинг-понг и атлетика.

