ИЛЈАДНИЦИ НАВИВАЧИ НА АЈАКС ВО ЛОНДОН ЌЕ НАВИВААТ ЗА АНГЛИСКИ ЧЕТВРТОЛИГАШ

Околу 2.000 навивачи на холандскиот клуб веќе имале резервирано летови за Лондон и хотелско сместување, па иако нема да имаат билети за натпреварот со Челси, што е закажан за 5 ноември, сепак сакаат да одат на стадион.

Не на „Стемфорд бриџ“, бидејќи влезот таму ќе им биде забранет, туку на стадионот „Бризбејн Роуд“, каде што своите натпревари ги игра Лејтон Ориент. Тоа е клуб од Лига 2 или четвртата по ранг фудбалска лига во Англија.Навивачите на Ајакс виделе дека на овој датум во северен Лондон се игра дуелот помеѓу Лејтон Ориент и младинскиот тим на Брајтон во рамки на „ЕФЛ Трофеј“. Холанѓаните на „Твитер“ прашаа дали навивачите на Лејтон ориент сакаат засилувања од Ајакс, а реакциите беа екстремно позитивни.

Стадионот на овој четвртолигаш собира само 9.000 навивачи, а кога на трибините ќе грмнат фанатичните Холанѓани, атмосферата сигурно ќе биде спектакуларна.



Извор: Спорт1

Претходна статија

ПОЗНАТА Е СУДБИНАТА НА ЏАНЛУИЏИ ДОНАРУМА ВО МИЛАН

Следна статија

„БОЈКО БОРИСОВ НЕ Е ПРИЧИНАТА ЗА ОСТАВКАТА – НЕМАМ ВЕЌЕ ТРПЕНИЕ“

Најново од Спорт