ИМ НЕМА КРАЈ НА ГЛАВОБОЛКИТЕ: СЕ ПОВРЕДИ УШТЕ ЕДЕН КОШАРКАР НА ГОЛДЕН СТЕЈТ
Кошаркарите на Голден Стејт вориорс играат лошо во последно време, па во пет одиграни меча во новата НБА-сезона победија само на еден.
Клеј Томпсон долго време е надвор од конкуренција поради повреда, а пред неколку дена се повреди и Стеф Кари, а за да биде ситуацијата уште полоша синоќа заработи повреда на левата рака и Дрејмонд Грин.
Американските медиуми пишуваат дека и Грин ќе мора да паузира неколку недели, откако претходно беше откриено дека Кари ќе паузира и до три месеци.
Со најновата повреда дополнително се комплицира ситуацијата во Голден Стејт, кој очигледно ќе има потешкотии да се избори за плејоф.
Извор: Спорт1

