ИМА ЛИ ХРАБРОСТ САШО ОРДАНОСКИ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ЈАВНА ДЕБАТА СО КАРАКАЧАНОВ И КОВАЧЕВ?

„Која е таа простачка позиција да имате амбиција, во 2020 година, паралелно со вестите дека на Марс е откриена вода (!), да го доведувате во прашање чувството за идентитетска припадност на еден, вам, соседен народ?! Да ја спорите „чистината“ на неговиот мајчин јазик, во време кога секој млад Бугарин или Македонец преферира да зборува подобро англиски или германски, од македонски или бугарски јазик?! Да ја омаловажите подготвеноста (конечно!) да се сподели славењето на заедничките историски личности кои го одбележале минатото на оваа географија пред 120 и 1020 години?! Да предлагате (Каракачанов) да испратите бугарски инженериски НАТО-полк за тргање на споменици во Македонија, во време кога уште има високи бугарски офицери кои не можат да добијат сертификати за безбедност во тоа НАТО, бидејќи работат за… Или, со неверојатна дрскост (Ковачев), да барате германскиот нацизам да ви го „покрие газот“ за текот на историските настани во Бугарија за време на Втората светска војна?! Па, денешна Германија е светски демократски лидер (и тоа во онаа цивилизирана, либерално-конзервативна варијанта) токму затоа што победниците од таа светска воена катастрофа ѝ забранија да лаже за својата нацистичка историја!“, напиша во својата најнова колумна познатиот македонски новинар Сашо Орданоски. Целата колумна можете да ја прочитате овде.

loading...

Дали Орданоски е подготвен во отворена дебата со двајцата бугарски политичари кои во последно време ја брануваат особено жестоко македонската јавност, да им каже дека нивните ставови немаат никаков основ?


loading...

Тоа ќе биде големо шоу. Орданоски со неговите остар ум и јазик од едната страна и Каракачанов и Ковачев со нивните „националистички“ ставови од другата. Па да видиме кој е во право и кој не е.