Инцидент на граничниот премин Јариње: „Српски четници“ и ултрадесничари се судрија со полицијата
Група ултрадесничари од Србија, кои носеа маички со натпис Српски четници, попладнево се собраа на граничниот премин Јариње каде беа запрени од полициски кордон на неколку десетици метри од контролниот пункт.
Насобраните во еден момент го пробиле полицискиот кордон и успеале да се доближат до граничниот премин меѓу Србија и Косово, но таму ги чекал друг полициски кордон. Во тие моменти дојде до тепачка меѓу полицијата и демонстрантите. Собирот доаѓа на покана на ултрадесничарската неформална група „Народна патрола“ предводена од Дамјан Кнежевиќ. Насобраните пред полицискиот кордон свиреа националистички песни за Косово и Србија и извикуваат слогани, меѓу кои и Косово е срцето на Србија.
Видеото погледнете го на Радио Слободна Европа