|

Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло

Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло, беше истакнато денес по информацијата дека главниот осомничен е 19-годишник родум Австрија, со потекло по родители од Македонија.

Од она што досега е позннато покрај 19-годишникот, уапсен е и 17-годишник, а осомничени се уште неколку други лица.

„Еден од тројцата кои се под полициски надзор има хрватски корени, но е роден во Австрија“, изјавија властите во Виена, пренесе „Индекс“.

„Крон цајтунг“ пишува дека осомниечени се четворица и во моментот се под полициски надзор. Едниот од нив е 17-годишник роден во Австрија со хрватско-турски корени, кој веќе и бил познат на полицијата.

Меѓу нив има и петнаесетгодишник со турско потекло.



Слични Објави