ЈАНКУЛОСКА НЕ СЕ ПОЈАВИ ВО СУДНИЦА-„ТИТАНИК“ ОДЛОЖЕН ЗА 3 ЈУНИ
Рочиштето за случајот „Титаник“ на СЈО е одложено за 3 јуни. Денешното рочиште не ни започна поради нејавувањето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која претстави потврда од доктор дека се наоѓа во состојба на ризична бременост. Судијата Осман Шабани поради неисполнување на условите за одржување на рочиштето ја прекина расправата, што денеска требаше да почне со изнесување на доказите.
