| |

Техничкиот универзитет во Софија доби меѓународна награда за инженерско образование

Техничкиот универзитет во Софија доби признание за своите програми во областа на инженерството и применетите науки од меѓународното списание BUILD Magazine, соопшти универзитетот на својата фејсбук-страница.

Наградата „Best Technical University Engineering & Applied Sciences Program Provider 2026 – Bulgaria“ е доделена во рамките на „Construction and Engineering Awards 2026“.

Во својата публикација за четвртиот квартал од 2026 година, списанието го истакнува широкиот избор на студиски програми на универзитетот. Тие опфаќаат традиционални инженерски насоки, но и области како вештачка интелигенција, кибербезбедност, мехатроника, воздухопловно и вселенско инженерство и софтверски технологии.

Меѓу наведените предности се поврзувањето на теоријата со практиката, современите лаборатории, активната научноистражувачка работа и партнерствата со деловниот сектор. Универзитетот нуди додипломски, магистерски и докторски студии, вклучително и на англиски, германски и француски јазик.

Како член на Европскиот технолошки универзитет (EUt+), Техничкиот универзитет во Софија учествува и во развојот на европската соработка во образованието, науката и академската мобилност.

„Ова меѓународно признание е доказ за улогата на Техничкиот универзитет во Софија во подготовката на висококвалификуван инженерски кадар и развојот на научниот и технолошкиот потенцијал на Бугарија“, се наведува во соопштението.

Слични Објави