| |

КАЗНИ ОД ПО 2.000 ЕВРА ЗА 38 СКОПЈАНИ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе 24 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 38 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите се товарат дека не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Обвинителството за сите обвинети предложи парични казни – по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​



Слични Објави