Иницијативата „Кој е следен?“ повикува на тивок собир во чест на жртвите од дискотеката „Пулс“
Иницијативата „Кој е следен?“ упати повик до граѓаните да присуствуваат на тивок собир на плоштадот Македонија во Скопје, кој ќе се одржи на 16 септември 2025 година, со почеток во 20:16 часот, за заедничко сеќавање за сите изгубени животи во трагедијата во дискотеката „Пулс“, јавува Фронтлајн.
Во соопштението, членовите на иницијативата наведуваат:
- „Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел.“
- „Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин.“
Младите од „Студентско пленумско движење“ ќе учествуваат на собирот под ѕвездено небо, како дел од тивкото оддавање почит.
„Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!“, додаваат од иницијативата.
Собирот е отворен за сите кои сакаат да се придружат и да ја искажуваат својата поддршка и сеќавање за жртвите од трагедијата.

