|

Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Вашингтон, денеска ќе се сретне со претседателот Трамп

Вселенскиот патријарх Вартоломеј започна 12-дневна апостолска посета на САД, каде што ќе оствари и серија политички средби на највисоко ниво, јавува БГНЕС.

Официјалната церемонија за неговото пречекување се одржа на базата „Џојнт Бејс Андрус“, каде присуствуваа архиепископот на Америка, Елпидофор, членови на Светиот синод, претставници на американската влада и членови на грчко-американската заедница.

Денес, Вселенскиот патријарх ќе биде примен од американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба во 14:00 часот по локално време.

Следниот ден, Вартоломеј ќе положи венец на Националното гробиште Арлингтон, придружуван од командантот на Копнените сили на САД, генерал Ендру Попас. Потоа ќе присуствува на ручек организиран од амбасадорката на Грција во САД, Екатерини Насика, а вечерта ќе биде гостин на официјална вечера во Стејт департментот, организирана во негова чест од заменик-државниот секретар Мајкл Ригас.

Во рамки на посетата, тој ќе биде гостин и на ручек во Конгресот, организиран од претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, со присуство на членови од двете партии.

Патријархот Вартоломеј ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а ќе одржи и говор пред Советот за надворешни односи, еден од највлијателните тинк-тенкови во САД.

Слични Објави