|

Иницијативата за референдум поднесена до ДИК, Мицкоски прв се потпиша

Со поднесување на иницијативата во Државната изборна единица, а потоа и со прв потпис во подрачното одделение во Карпош, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски официјално ја почна постапката за распишување на референдум, пренесува Канал 5.

Со поднесување на иницијативата во Државната изборна единица, а потоа и со прв потпис во подрачното одделение во Карпош, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски официјално ја почна постапката за распишување на референдум за укинување на договорот со Бугарија. По него рече дека ќе се потпишат и пратниците од неговата коалиција, а во петок иницијативата ќе ја пуштат и во собраниска процедура. Вели дека очекува опструкции од власта, но верува во брзо собирање на потребните 150 илјади граѓански потписи за распишување на референдумот.

-Денеска треба да се соберат минимум 100 квалификувани потписи, очекувам тоа да се заврши во текот на денешниот ден. Бидејќи утре е државен празник и Собранието нема да работи, во петок преку ДИК да биде доставена оваа граѓанска иницијатива до спикерот во Парламентот, а потоа следниот чекор е тој веднаш ги достави до две собраниски комисии, за политички систем и законодавно-правната, кои ќе одлучуваат дали иницијативата е уредна или не е, изјави – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По обвинувањата од претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски дека со референдумот опозицискиот лидер се обидува да го сруши постигнатото во евроинтеграциите, Мицкоски вели дека има голем број на граѓани кои имаат спротивно мислење и се против условите од Бугарија. Рече дека референдумот не значи откажување од барањето за предвремени избори, туку тоа е шанса за во ист ден да се гласа и за нова Влада.

-Оддржувањето на Референдумот е одлична можност заедно со Рефдерендумот да организираме и предвремени парламентарни избори на еден трошок. Ја повикувам власта, парламентарното мнозинство да покаже демократски карактер, да се охрабри и да ги потврди своите политики на предвремени парламентарни избори кои што би се случиле заедно со Референдумот, порача Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Референдумското прашање кое го предлага ВМРО-ДПМНЕ гласи „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“. Од опозициската партија велат дека суштината е укинување на Договорот, кој според нив е коренот на проблемите, а ако референдумот биде успешен велат дека ќе исчезнат и бугарските барања преку преговарачката рамка.

Слични Објави