ИСЧЕЗНА МАГИЈАТА: БАРДИ ВЕЌЕ 13 МЕСЕЦИ НЕМА ДАДЕНО ГОЛ ОД СЛОБОДЕН УДАР ВО ЛА ЛИГА

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, фудбалерот на шпански Леванте ја игра третата сезона во Ла Лига, ама неговата магија со слободните удари, исчезна во последно време, коментираат шпанските медиуми.

Кога дојде во Шпанија, Барди беше анонимец платен само 1,5 милиони евра за трансферот од Ујпешт, ама блесна толку силно што дури процентуално по број на дадени голови од изведени слободни удари беше и пред аргентинскиот велемајстор Лионел Меси. Во првата сезона, Барди даде пет гола од слободен удар во Ла Лига, беше еден зад Меси, постави рекорд во Шпанија со два гола за 124 секунди (Атлетик Билбао). Поради спектакуларниот почеток на Пиринеите, доби прекар „снајпер“, но…

„Севкупно од доаѓањето во Шпанија имаше шест гола од 22 обиди и тоа сè до октомври лани. Оттогаш веќе минаа 13 месеци, а Барди е тивок. Веќе 20 удари од слободен, а ниту еден гол. Меси имаше шест гола од 42 обиди, но Аргентинецот во последно време брилјира за разлика од макеоднскиот репрезентативец“, коментираат шпански медиуми.

Вчера Леванте со него како стартер доживеа тежок пораз кај Хетафе со 0-4, клуб на кого последен му даде гол од слободен удар лани.

Извор: Спорт1



Слични Објави