Историската зграда на бугарскиот парламент беше осветлена во боите на бугарското и на украинското знаме
Историската зграда на бугарскиот парламент беше осветлена во боите на бугарското и украинското знаме по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната воена агресија на Русија врз Украина, јавува БГНЕС.
По тој повод претседателката на бугарскиот парламент, Раја Назарјан, изјави дека Бугарија е солидарна и ја поддржува Украина и нејзиниот народ во одбраната на независноста и суверенитетот на државата.
Раја Назарјан нагласи дека Бугарија ги поздравува сите напори насочени кон обезбедување трајно мирно решение за Украина. Војната треба да заврши со сеопфатен, праведен и траен мир заснован врз меѓународното право и Повелбата на ООН, посочи таа.
Иднината на слободниот демократски свет е невозможна без слобода за украинскиот народ, додаде Раја Назарјан.
