|

Истражување во црквата Св. Димитрија во Велес може да открие вреден живопис од 13 век

Стручниот тим од Националниот конзерваторски центар на Република Северна Македонија спроведува детални истражувања во црквата „Св. Димитрија“, која се наоѓа на влезот во Велес од правецот на Градско. Целта на оваа активност е да се утврди дали под слоевите од подоцнежниот живопис се зачувани остатоци од оригиналната фреско-декорација, настаната кон крајот на 13 век — период кога се претпоставува дека храмот е изграден.

Досегашните истражувања, спроведени со мануелни сонди, покажуваат надежни резултати. Во просторот на апсидата веќе се идентификувани сегменти од постариот, автентичен живопис. Сепак, процесот бара прецизност и внимателен пристап, бидејќи треба да се утврди дали и колку од оригиналните фрески се сочувани под фреските од 19 век.

Главниот предизвик пред конзерваторите е како да се пристапи кон потенцијалното отстранување на поновиот живопис без да се наруши неговата историска и уметничка вредност, а притоа да се овозможи видливост на постариот, кој има исклучителна културна важност.



Слични Објави