Иван Михајлов- човекот, кој не потклекна пред Хитлер

//

Пишува: Доц. д-р Спас Ташев

Во април годинава претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски се вклучи во кампањата против Бугарија, а по отворањето на канцеларијата на регистрираниот пред две години Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола напиша дека „да се именува културен објект на личност, која е докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна“, не служи на благородна кауза.

Ставот на Пендаровски е уште една алка во идеолошките злосторства, преку кои населението од денешна Северна Македонија систематски се воспитува во антибугаризам. Во тоталитарната ера, клишето „фашист“ било нашироко користено како изговор за уништување на демократските кругови во Источна Европа. Самото тврдење дека Иван Михајлов соработувал со Хитлер е фалсификување на Штази и КГБ, направено преку филмот и книгата Операција Тевтонски меч од 1959 и 1966 година, кои биле создадени со цел да се дискредитира Ханс Шпајдел, командант на сојузничките сили на НАТО во Централна Европа. Денеска на ист начин рускиот претседател Путин ги прогласува за „фашисти“ своите противници во Украина. Парадоксот е во тоа што две официјално постоечки политички партии во Северна Македонија: „опозициската“ ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП, која што е дел од власта, прогласија континуитет од 1991 година и ги вклучија во нумерирањето на нивните конгреси и конгресите на автентичната ВМРО предводена од Иван Михајлов.

Вистината за Иван Михаилов е сосема поинаква. По воениот удар во Бугарија во 1934 година, спонзориран од Белград, тој се преселил во Турција и уживал во личната заштита на Ататурк. Меѓутоа, во почетокот на 1938 година, поради фактот што Југославија упорно го бара, тој бил принуден да замине во Полска. Кога Германците ја освоиле Варшава во 1939 година, тој и неговата сопруга Менча Карничева биле уапсени од Гестапо и затворени во затворот Џелна. Тие биле ослободени на 28 ноември истата година. Двајцата потоа заминале за Унгарија, но кога на 10 април 1941 година била основана независна Хрватска, биле поканети како гости и живееле во соседство со хрватскиот лидер Анте Павелиќ. Важно е дека до септември 1944 година Иван Михаилов не бил во Македонија и никој не настрадал од негови активности.

Однесувањето на Михајлов во овој период понекогаш е збунувачко, бидејќи иако бил амнестиран и не ја оспорувал позицијата на бугарската управа во Вардарска Македонија во април 1941 година, тој одбил да се врати во Бугарија. Тој формално изјавил дека не е ослободена цела Македонија, затоа борбата мора да продолжи и да се води голема грижа за заштита на бугарското население во Западна и Егејска Македонија, што било надвор од бугарската административна зона. Неговите односи со бугарскиот државен врв биле добри а царската легација во Загреб му издала нов бугарски пасош. Зад сето ова однесување стои сфаќањето на Иван Михајлов, дека Германија нема потенцијал за победа и поради тоа, мора да се зачува ослободителното движење. Тешко е да се каже кој врз кого влијаел, но во периодот што следел Анте Павелиќ направил тајни обиди да контактира со Сојузниците.

Предвидувањето на Иван Михаилов се потврдило многу брзо. Германија почнува да ја губи војната, а во 1943 година цар Борис III и адмиралот Хорти размислуваат за усогласен излез од Оската и прогласување неутралност. Во овие околности, Германија размислува како да го заштити своето присуство во Грција, поради што мисли на Иван Михаилов и неговата идеја за независна Македонија. Химлер испратил покана за посета и водачот на ВМОРО бил принуден да замине во Берлин, но немало вистински разговори со германското раководство бидејќи опасноста од прогласување неутралност од Бугарија исчезнала по мистериозната смрт на цар Борис III.

На почетокот на септември 1944 година, фронтот стигнал на Балканот, а во Германија повторно се присетуваат на Иван Михајлов. Тој е во германски раце и е принуден да оди во Скопје, но не ветува реализација на германската идеја за прогласување независна Македонија. Во исто време, тој добил извештаи дека стравот на македонското население од обновата на Југославија поттикнува очајнички отпор.

Неговата посета на Скопје била координирана со Бугарија. На печатот во пасошот пишува дека тој и Менча слетале на аеродромот Божуриште на 2 септември 1944 година и дури потоа заминале за Македонија. Драматична е средбата со поранешните членови на ВМРО. Некои повикале да се прогласи независна Македонија и да се започне вооружена борба против југословенските партизани, кои ја барале власта. Од интервјуто со Тито во пролетта 1944 година за составот на таканаречената Народноослободителна војска на Југославија, беше заклучено дека бројот на југословенските партизани во Македонија изнесува меѓу 500 и 1.500 луѓе или 0,05% од населението. ВМРО лесно ќе се справи со нив. Поради променетата геополитичка ситуација Иван Михајлов не се согласува. Црвената армија доаѓа од исток, а обновата на Југославија е неизбежна. Затоа им изјавил на соборците и на Германците: „Јас припаѓам на овој народ и нема да дозволам да се пролее крв, да стигнеме до самоубиство поради моите постапки“.



Ваквото одговорно однесување на Иван Михајлов е опишано во Австрија во 1951 година во книгата „Тајниот фронт“ на Валтер Хаген, истакнат член на германската тајна служба Зихерхајтсдинст. Тој вели дека „германската тајна служба дури во 1943 година успеала да го привлече вниманието на Хитлер на меморандумот за придобивките што би можеле да ѝ бидат од корист на Германија од создавањето на независна Македонија“. Ваквиот државен субјект своето постоење би и го должел исклучиво на Германија, што би значело и трајна врска. Независна Македонија би била најсигурната позиција на Германија на Балканот, а ако Солун и се даде на таа земја, Германија ќе застане покрај Егејот“.

Сепак, Валтер Хаген ја споделил фактичката состојба следната година: „Кога конечно беше одлучено да се земе предвид создавањето на македонската држава, имено во летото 1944 година, беше предоцна… Иако беше пропуштен вистинскиот момент, Германската тајна служба, по наредба морала да воспостави контакт со Михајлов и да му понуди да оди во Македонија за таму да ја прогласи независноста на земјата. Михајлов навистина бил однесен со германски авион во неговата татковина. Но, кога стигнал таму, тој отворено ѝ кажа на врската на германската тајна служба дека е предоцна за планираното основање на државата и дека не може да ја преземе одговорноста да го доведе својот народ во бесмислена авантура без никаква перспектива за успех. Германската тајна служба не му се одмаздила на Михајлов за ова одбивање“.

Овие податоци се објавени на 3 март 1951 година во весникот „Македонска трибуна“, а автор на написот најверојатно бил самиот Иван Михајлов. Во написот била дадена следнава препорака: „Завршувајќи ги цитатите од книгата на Хаген, ние ги упатуваме бугарските комунисти заедно со нивните колеги од Скопје за добро да ги забележат лагите што ги кажуваат за однесувањето на Македонското движење за време на војната“. Ова е најточниот одговор на денешната клевета на македонскиот претседател Стево Пенаровски.

По завршувањето на војната, Иван Михајлов и неговата сопруга Менча Карничева останале три години во алпските села, каде што се криеле од српските шпиони кои ги барале. Таму Иван Михајлов ја напишал една од своите најпознати книги „Македонија – Швајцарија на Балканот“, со предговор на американскиот професор Џон Бејклес. По конечното населување во Италија, започнува нов период во македонското ослободително движење, во кој единствено оружје за одбрана на идеите на ВМОРО било перото.

Претходна статија

Генчовска: Бугарите да бидат запишани во Уставот на РС Македонија е услов што мора да биде исполнет, за почеток на преговорите со ЕУ

Следна статија

(Видео) Еве како работи пропутинската фејк пропаганда на социјалната мрежа Facebook

Најново од Истакнато

Нова албанофобија

Пишува: Никица Корубин За време на одморот од “одбраната на идентитетот” од Бугарите, формата се одржува