Скопје ги повторува минатогодишните заблуди

//

Пишува: Георги Пашкулев, главен уредник на БГНЕС

Властите во соседна РС Македонија организираат „вторa рунда“ од нивната неуспешна „европска политика“ за решавање на спорот со Бугарија. Несакањето да се почитува Договорот за пријателство и добрососедство, што беше потпишан на 1 август 2017 година е во сржта на проблемите меѓу двете земји.

Блокирањето на Договорот започна веднаш по членството на РСМ во НАТО во 2019 година. За да ги разоткриеме дволичноста и лицемерието на властите во Скопје, е доволно да се потсетиме на нивното однесување во изминатите три години, што доведе до отстапување на земјата од нејзината европска интеграција.

Прво ја запреа работата на историската комисија со оправдување дека во РС Македонија ќе има предвремени парламентарни избори. Потоа оправдување беше светската пандемија од Ковид и опасноста возрасните членови од бугарската страна на комисијата да се заразат од вирусот. Минатата есен објавија дека Бугарија се наоѓа пред избори и не е правилно да се преговара… Сметаа на притисок од надвор и пред се од „стратешкиот“ сојузник Германија. Откако повторно по нивно барање Комисијата повторно запре со работа во рок од 8 месеци, денеска слушаме од Скопје дека политичката криза и нестабилност се пречка за наоѓање на решение, но Скопје смета на својот стратешки партнер САД да изврши притисок врз Бугарија. Во меѓувреме парламентот во РС Македонија изгласа Декларација со македонските црвени линии во преговорите со Бугарија. Официјално таа беше предложена од националистичката ВМРО-ДПМНЕ, но веднаш стана јасно дека длабоката држава е во основата на таа иницијатива. За неа гласаше огромно мнозинство во парламентот а специјалниот пратеник Владо Бучковски кој што никој не го видел со месеци во Софија, јавно ја одбрани Декларацијата, бидејќи таа го штитела македонскиот идентитет.

Во нападот врз Бугарија се вклучи основниот играч на длабоката држава, придворните новинари на српскиот претседател Александар Вучиќ, кои потпишувајќи ги своите материјали со иницијали и псевдоними отворено велат дека кризата во Бугарија била заради ветото за РС Македонија и поради тоа Бугарија ќе биде казнета од САД. Верувам дека на бугарскиот читател веќе му дошло преку глава да чита и да слуша за официјалниот став на Софија: Никој не се интересира од македонскиот идентитет, никој нема намера да го негира, позицијата на Бугарија е кристално јасна и истата ја има поддршката на сегашните водечки партии на поранешните а и на идните. На крајот на денот Р. Бугарија 30 години и помага на РС Македонија.



Институционализираната омраза не се искоренува со безлични соопштенија на Министерството на Бујар Османи, за тоа дека ги осудува изолираните случаи на палење и уништување на бугарски знамиња и споменици на РС Македонија. Ставот дека правата на Бугарите ќе бидат заштитени по членството на РС Македонија во ЕУ е врв на антиевропското однесување.

Да финансираш анти-бугарска кампања надвор од РС Македонија е демонстрација на зависност од туѓи и длабоко анти-македонски проекти. Дел од нив се умрени а останатите немаат перспектива. Да, можеш да учествуваш во семинари за пружена рака, но тие ќе го докажат само и единствено лицемерието и зависностите на политичката елита во РС Македонија. Тоа ќе биде толку ефективно и во корист на евроинтеграциите колку што беше ефективен притисокот на меѓународните лобисти Робертсон и Билд.

Претходна статија

Љатифи: Бугарите ни се пријателски народ и немаме проблем со нив

Следна статија

Пописот како достоинство, храброст и лојалност

Најново од Истакнато