| |

Иван Попов и „No More Many More“ го затвораат третото издание на Sofia Guitar Fest

Мајсторскиот клас на Иван Попов (Arthur), гитарист на групата „Detox“, и концертот на „No More Many More“ ќе го затворат третото издание на Sofia Guitar Fest, соопштија организаторите, пренесува БТА.

Фестивалот, кој се одржува од 18 до 20 септември во паркот на НДК, во близина на киното „Кабана“, ги собира професионалните музичари, љубителите на гитарата и публиката која ужива во музика во живо.

Третото издание на фестивалот понуди концерти, мајсторски класи, бесплатни обуки за почетници, како и традиционалното масовно свирење на гитари.

Во текот на вчерашниот ден, главниот ментор на фестивалот, проф. Цветан Недјалков, го претстави својот нов интерактивен мајсторски клас „Од еден звук до музика“, посветен на импровизацијата, интеракцијата и креативниот избор.

Свој мајсторски клас на фестивалот за првпат одржа и Свилен Ноев од групата „Остава“. Тој се приклучи и на масовното свирење на гитари, заедно со десетици гитаристи.

Учесниците, меѓу кои имаше гитаристи од различни возрасти, заедно ги изведоа песните „Шоколад“ од „Остава“, „Можеби“ од „Сигнал“, „Come As You Are“ од „Nirvana“ и „Shape of You“ од Ед Ширан.

Слични Објави