| |

Ивелина Банјалиева стана првата Бугарка избрана за општински советник од Конзервативната партија во Питерборо

Ивелина Банjaлиева стана првата Бугарка избрана за општински советник од Конзервативната партија во Питерборо. Со убедлива поддршка од близу 38%, таа не само што ги претставува Бугарите, туку станува и првиот претставник на целата источноевропска заедница во регионот Кембриџшир на ваква функција, пишува РадиоБГ-Лондон.

Ивелина Банјалиева е родена во Карлово и има 38 години. Поседува три високообразовни дипломи. Нејзината диплома по право од Универзитетот во Лондон лично ѝ ја врачила принцезата Ана. Има повеќе од 15 години професионално искуство во управување со проекти и лидерство.

За Ивелина, влегувањето во политиката е логичен чекор по години волонтерска работа и работа со луѓе. Таа верува дека источноевропејците, кои работат и ги одгледуваат своите деца во Обединетото Кралство, треба да имаат вистински глас во носењето одлуки.

Нејзините главни приоритети вклучуваат решавање на кризата со недостигот на стоматолози (особено за деца), побезбедни и почисти населби, како и подобро здравство и поддршка за младите семејства.

Таа работи во тим со истакнати политичари како Пол Бристоу, со кои заедно се фокусираат на привлекување на младите кон општествениот живот.

„Ние сме дел од ова општество и природно е да учествуваме во неговата иднина.“ – ова е водечката порака на Банјалиева.

Успехот на Банјалиева не е изолиран случај. Кандидатурата на Нели Ѓошева од Лабуристичката партија во Лондон е уште еден доказ дека Бугарите на Островот преминуваат од фазата на „само живеење таму“ кон фаза на активно политичко учество и лидерство.



Слични Објави