ИЗБЕГАЛ ЗАТВОРЕНИК, ДОДЕКА ЧУВАРИТЕ СИ КУПУВАЛЕ СЕНДВИЧИ
Пред повеќе од еден час затвореникот Фидан Исени успаеал да им избега на двајцата чувари, кој од Клиничкиот ценртар требале да го вратат во затворот „Идризово“.
Затвореникот го искористил невниманието на чуварите, кои според директорот Боби Мојсовски ја смениле рутата на движење.
-Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово“ застанале по пат да си купат сендвичи, вели директорот Мојсовски во изјава за „Фокус“, кој додава дека ќе се превземат мерки за одговорност на чуварите.