Машката јуниорска репрезентација викендов беше дел од пријателски турнир во Шумен, Бугарија.
Селекторот Тони Симиќ повторно ги предводеше кошаркарите до 18 години кои без пораз го освоија турнирот. На првиот натпревар, јуниорите го совладаа тимот на Оканик од Србија со 89-69, а во финалето беа убедливо подобри од Бугарија со 88-74.
Андреј Андоноски беше лидерот во нашиот состав, постигна 41 поен во финалето и заслужено беше прогласен за МВП на турнирот.