НАПУШТЕНИОТ ГРАД НА ФРАНЦУСКИТЕ ЗАМОЦИ ВО ТУРЦИЈА (ФОТО + ВИДЕО)

Првичниот план бил луксузниот станбен комплекс да се состои од 732 замоци, секој на парцела од 324 метри квадратни.

Сместени помеѓу Истанбул и главниот град на Турција, Анкара, во живописните планини на провинцијата Болу, скоро 600 идентични, живеалишта во вид на класични француски замоци се празни и неискористени. Местото изгледа како град на духови, откако инвеститорот на имотот Бурџ ал-Бабас направил долг од 27 милиони долари, објави Блумберг.

Дел од замоците на луксузниот станбен комплекс веќе биле продадени помеѓу 370.000 и 530 000 долари.

Стотици куќи, сепак, се оставени во различни фази на изградба, поради неодамнешниот колапс на турската економија, каде што лирата изгуби 38 проценти од својата вредност во однос на доларот во 2018 година. Многу од малите замоци се многу далеку од фазата на завршување и моментот, кога клиентите кои го купиле имот во комплексот ќе можат да се сместат.

Идејата за проектот, кој започна во 2014 година, беше да се создаде цел град на мини-француски трокатни замоци, секој со свои кули и импресивна голема класична куполна зграда во основата на комплексот.

Меѓутоа, ако продолжи развојот, оваа централна зграда треба да биде центарот на заедницата, во која ќе бидат сместени џамии, трговски центри, кина, ресторани, па дури и простории за конференции. Покрај тоа, во комплексот се очекува да има најразлични спортски објекти од висок ред, воден парк, турски бањи и сауни.

Потпретседателот на компанијата Мехер Јерделен за Блумберг изјави дека се надева оти изградбата може да се продолжи во текот на 2019 година, објаснувајќи дека на компанијата ќе и треба само да продаде 100 вили за да го исплати долгот. Според Јерделен, сегашната вредност на проектот е околу 200 милиони долари.

„Верувам дека можеме да ја надминеме оваа криза за неколку месеци и делумно да го спроведеме проектот до крајот на 2019 година“, забележува инвеститорот.

Проектот не е особено популарен кај локалното население, со оглед дека архитектурата е во спротивност со традиционалниот отомански стил на локалните историски дворци во Мудурну, особено откако градот беше додаден на списокот за светско наследство на УНЕСКО во 2015 година.

Слични Објави