|

Изборниот карван на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски тргнува од Прилеп

Изборниот караван на кандидатот за претседател Стево Пендаровски почнува утре, 4 април 2024 година, четврток, со централен митинг во Прилеп со почеток во 20:00 часот. Претходно Пендаровски ќе ги посети општините Кривогаштани во 17:30 часот и Крушево во 18:30 часот.

В петок, 5 април, Пендаровски ќе ги посети општините Карбинци во 17:30 часот и Пробиштип во 18:30 часот, а централен митинг ќе се одржи во Штип со почеток во 20:00 часот.

В сабота, 6 април, Пендаровски ќе биде со граѓаните на Македонски Брод во 18:30 часот, а централниот митинг ќе се одржи во Кичево во 20:00 часот.

В недела, 7 април, караванот на Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца во 16:00 часот, Вевчани 17:30 часот, Струга 18:30 часот и централен настан во Охрид од 20:00 часот.

В понеделник, 8 април, ќе се одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода во 18:30 часот и Аеродром во 20:00 часот.

Слични Објави