Со автомобил влетал во луѓе на станица во близина на Тел Авив: 14 повредени, еден критичен
Израелската служба за итни случаи објави дека 14 лица се повредени во напад со автомобил во Ранана во близина на Тел Авив. Жена на 70-годишна возраст е во критична состојба, а 34-годишен маж и 16-годишно момче се тешко повредени, соопшти итната помош.
Други осум лица се умерено повредени, а тројца полесно. Лекарите лекувале вкупно 17 лица на местото на настанот вклучувајќи ги и оние што страдаат од акутна анксиозност поради нападот.
Полицијата сè уште ги истражува околностите, но полицискиот портпарол рече дека „ситуацијата сè повеќе личи на терористички инцидент“.
Според неофицијални информации, напаѓачот со својот автомобил влетал во голем број луѓе на автобуската постојка.
