| |

КАЗНА ЗА ГАЗДА НА ЧАЈЏИЛНИЦА- НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ШИРЕЊЕ НА COVID – 19.

„Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривиното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од нив е обвинет бидејќи не ги почитувал донесените мерки за заштита од ширење и спречување на заразната болест предизвикана од COVID – 19. Тој како сопственик на угостителски објект во с. Врапчиште бил затекнат во чајџилницата како послужува гости.

Тројца од обвинетите се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие во одделни кривично правни настани се движеле низ Гостивар и со тие дејствија го сториле кривичното дело.

За сите обвинети, гостиварското обвинителство од судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби“, соопштуваат од ОЈО.

Слични Објави