ПУТИН ИМ ПОРАЧАЛ НА МЕРКЕЛ И МАКРОН ДА НЕ СЕ МЕШААТ ВО БЕЛОРУСИЈА

Рускиот претседател Владимир Путин му порача на својот француски колега Емануел Макрон дека надворешното мешање во кризата во Белорусија е недопуштено.

loading...

„За време на дискусијата за ситуацијата во Белорусија, Владимир Путин истакна дека мешањето во внатрешните работи на Белорусија е недопуштено, како и вршење притисок врз белоруското раководство. Двете страни изразија интерес за итно решавање на проблемот“, се вели во соопштението.

Разговорот се одржал на иницијатива на француската страна.


loading...

Претходно, Путин разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел. Тој исто така и рекол дека надворешното мешање во ситуацијата во Белорусија е недопуштено.