|

Изет Меџити: Чаир ќе биде општина на еднаквост, инклузија и почит за сите граѓани

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција изјави дека Чаир ќе стане пример за инклузивност, еднаквост и почит кон секој граѓанин.

Меџити истакна дека визијата на неговиот тим се заснова на создавање можности и достоинство за сите, со посебен акцент на вклучување на лицата со попреченост. Тој нагласи дека грижата за оваа заедница е еден од клучните столбови во нивната програма.

„Во соработка со организациите кои работат во оваа насока, ќе развиеме долгорочни политики за пристап до образование, здравство, транспорт и јавни простори. Ќе создадеме програми за вработување и обука во јавниот сектор и ќе ги поддржиме микро-бизнисите и социјалните претпријатија, затоа што економската независност е темел на достоинството“, изјави Меџити.

Тој ја најави и одлуката Ќамуран Исмаили да стане дел од неговиот кабинет како советник, нагласувајќи дека тоа не е симболичен потег, туку реална заложба за вклучување и застапеност. „Неговиот глас ќе биде мост меѓу институциите и граѓаните кои често се чувствуваат заборавени“, додаде Меџити.

Во завршницата, тој порача дека вклучувањето на секој човек не е привилегија, туку основно право.
„Чаир ќе биде општина што обединува, што не исклучува, што ги слуша своите граѓани и работи заедно со нив“, подвлече кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ.

Слични Објави