|

Украина предупредува на нови руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија „планира нови напади“ врз неговата земја, повикувајќи ги одбранбените сили и граѓаните да бидат подготвени да издржат нова недела на оптоварување на електричната мрежа во услови на ниски температури.

Москва во последните недели ја гаѓаше виталната инфраструктура, предизвикувајќи прекини на струја и убивајќи цивили. Нападите во минатата среда предизвикаа најголема штета досега во деветмесечниот конфликт, оставајќи милиони луѓе без струја, вода и греење, додека температурите паднаа под 0 Целзиусови степени.

„Терористите планираат нови напади. Ова го знаеме со сигурност“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање во неделата.

Слични Објави