Изложба на бугарски народни носии за 60-годишнината на музејот во Петрич
Изложбата „Неминлива вечност“ ќе биде отворена денеска, 21 ноември, во 17 часот во Историскиот музеј во Петрич, пренесе БТА. По повод 60-годишнината на музејот, ќе бидат изложени автентични народни носии од различни делови на Бугарија.
Сите носии се од личната збирка на Мартин Влахов. Посетителите ќе можат да ги разгледаат носиите од Тракија, Пиринскиот и Шопскиот крај и да ги видат боите, орнаментите, облиците и техниките на изработка карактеристични за секој од овие региони.
