Радев остро кон Скопје: Институциите на РСМ веќе не е доволно да докажат дека не се дел од антибугарската хистерија, треба да докажат дека се борат против неа

//

Институциите на РС Македонија треба да докажат дека не само дека не се дел од антибугарската кампања, тоа не е доволно. Треба да докажат дека се борат против оваа кампања. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, јавува БГНЕС.

Претседателот Радев го коментираше говорот на неговиот колега Стево Пендаровски во кој тој упати обвинувања кон Бугарија и побара да се воведе забрана за влез на бугарски политичари.

„Сега ви е јасно зошто толку се борев за темата македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на оваа држава, а тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговорите. Значи РСМ не ги почнала преговорите, не ја отворила ни вратата од просторијата каде што се водат овие преговори“, рече Радев.

„ Очекувам институциите на РСМ да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања – ова веќе не е доволно, крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања. А во нашиот случај бидете сигурни, дека ќе бидат активирани сите европски механизми за да се стави крај на оваа антибугарска омраза и хистерија“, додаде тој.

Претходна статија

(Видео) Каде, ако не во Софија ќе се соберат за прв пат доброволците од Македоно-одринското ополчение на бугарската армија во 1912 г.

Следна статија

Исплатата на пензиите од 30 јануари

Најново од Вести