Илјадници патници се симнуваат и се качуваат на автобуската постојка Лагера во Софија. Има и илјадници луѓе кои живеат во истоимената населба. Но, малкумина знаат од каде доаѓа името „Лагера“.
Првите трупи на Македоно-одринското ополчение се формираат токму на тоа место во септември 1912 г, во предвечерието на Првата балканска војна. Македоно-одринското ополчение е раководено од ген. Никола Генев, ветеран ополченец од Руско-турската војна од 1877-1878 г. и херој од Српско-бугарската војна од 1885 г. Негов помошник бил подполковник Александар Протогеров од Охрид, а началник на Штабот бил мајор Петар Дрвингов од Кукуш.
Во составот на МОО имало Бугари од Македонија, Тракија, Западните покраини, Поморавието, Русија, а исто така и многу Чеси, Ерменци и др.
Погледнете повеќе за историјата на квартот Лагера во Софија- првиот воен камп на Македоно-одринското ополчение и за самата военна единица во филмот на големиот пријател на Трибуна, бугарскиот историчар и автор на документарни филмови Иво Иванов: