|

Изложба на Новица Трајковски во Куманово

Изложбата „Убава е Македонија“ од академскиот уметник Новица Трајковски како дел од годишната програма на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена утре во 20.00 часот…

Оваа изложба е трето авторско самостојно презентирање на дел од творечкиот опус на Новица Трајковски во Куманово по изложбата „Автобиографска исповед“ реализирана 2013 година, и изложбата „Од очите на ангелот“ реализирана 2016 година. Во ова, трето издание насловено „Убава е Македонија“ како дел од комплексен циклус „Божествена љубов“, се согледува сликарскиот раскош на Трајковски и неговиот пристап кон пејзажот инспириран од македонските простори.



Слични Објави