| |

Спорот за името ги вади од анонимност малите грчки партии

Лидерот на малата грчка партија „Сојуз на централистите“ Василис Левендис за време на средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас побарал грчката страна да не прави отстапки во врска со спорот за името на нашата земја. Според Левендис, Коѕијас верува дека „Скопјаните“ требало да попуштат уште малку за да се најде решение на овој долгогодишен проблем. Од „Сојузот на централистите“ се децидни дека нема да дадат поддршка на предлог-решение кое во себе го содржи терминот Македонија. Собирањето на политички поени од страна на малите партии во Грција, преку изразување на крајни ставови во однос на спорот за името тече со полна сила. Дали таа непопустливост ќе се материјализира со пратеник плус, ќе се види на следните избори за парламент, што треба да се оддржат во 2019 г.

 



Слични Објави