ИЗЛОЖБА НА ВИЗУЕЛНИОТ УМЕТНИК СТРАХИЛ ПЕТРОВСКИ ВО „МАЛА СТАНИЦА“

Вечерва со почеток 20:00 часот во „Мала станица“ пред скопската јавност своја изложба ќе има македонскиот визуелен уметник Страхил Петровски на тема „Ехo од иднината”.

Проектот е составен од три целини, во кои авторот имплементира повеќе визуелни медиуми: објекти, ready-made предмети, found objects, инсталации, фотографија, видео и видеоперформанс, аудиозапис, текстови и интервенции во просторот на галеријата кои функционираат како одделни дела со сопствена интимна „приказна”.



Страхил е роден во Куманово во 1974 година и е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Тој дипломира сликарство во 1997 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Факултет за ликовни уметности, во класата на професорот Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност.



Претходна статија

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЕРВЕХЕ“ ОД ЛУАН СТАРОВА ВО КИЦ – СОФИЈА

Следна статија

ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „ЖИВОТОТ Е ПРЕКРАСЕН” НА ДРАМСКОТО СТУДИО „ЛЕТЕЧКАТА ТЕАТАРСКА ТРУПА”

Најново од Култура