Израел бара оставка од првиот човек на ОН
Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи изјави за Би-би-си дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш мора да поднесе оставка поради „безобразните коментари“ што ги даде во говорот во вторникот.
Во својот говор за наводните прекршувања на меѓународното хуманитарно право, Гутереш рече: „Исто така, важно е да се признае дека нападите од Хамас не се случија во вакуум. Палестинскиот народ 56 години беше подложен на задушлива окупација. Но, поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат ужасните напади на Хамас. И тие страшни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, рече тој.
Во изјава за Би-би-си Радио 4, израелскиот портпарол Лиор Хајат рече дека говорот на шефот на ОН содржи само „една минута празни зборови за злосторствата на терористите на Хамас“ и дава „оправдување за тероризмот“.
„Наместо да застане со жртвите, тој ги обвинува за злосторство какво што не сме виделе од Холокаустот“, продолжи тој.
„Наместо да стои со пораката „Никогаш повеќе“, тој всушност им вели на терористите: „Дозволено ви е да го правите ова, ние го прифаќаме вашиот брутален тероризам бидејќи Израел е виновен“.

