|

Израел испорача 2.000 шлемови и 500 заштитни елеци на Украина

Израел испорача 2.000 шлемови и 500 заштитни елеци на Украина, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана.

Министерот за одбрана Бени Ганц минатиот месец изјави дека ќе одобри испорака на шлемови и елеци, што сигнализира промена на позицијата на Израел за обезбедување на таква опрема, пренесува „Ројтерс“.

Помошта на Израел дојде на барање на Украина, наведува британската агенција „Ројтерс“.

Извор: Темите

Слични Објави