Израел: Ќе се пресметаме со Катар откако ќе заврши нивната улога како посредник
Израел ќе се пресмета со Катар, откако ќе заврши улогата на земјата како посредник во преговорите за враќање на заложниците од Појасот Газа, изјави заменик генералниот директор за стратешки прашања во израелското Министерство за надворешни работи Јошуа Зарка.
Во интервју за израелското армиско радио, Зарка го обвини Катар дека „игра лоша улога“ во сè што е поврзано со легитимизирање на активностите на Хамас.
„Но, кога оваа работа ќе помине, ќе се справиме со нив“, рече Зарка. На прашањето дали Катар е свесен за намерите на Израел, Зарка рече дека мисли дека „тие не се сомневаат во тоа“, пренесува израелски Хаарец.
„И ние не се сомневаме дека секој што беше на страната на Хамас ќе биде прогонет на секој можен начин“, рече Зарка.

