|

Израел: Убивме командант на Хамас и најдовме оружје

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносните сили (ИСА) убиле командант на Хамас во заедничка операција, објави ИДФ на својот канал на Телеграм. Во објавата, тие рекоа дека воените авиони на ИДФ „дејствувале според прецизно разузнавање“ и го убиле Мустафа Далул, командантот на баталјонот Сабра Тел ал-Хава на Хамас.

Се наведува дека Далул презел „централна улога во менаџирањето на борбата против силите на ИДФ во Појасот Газа“.

„Во последниве години, Далул имаше бројни позиции во баталјонот и бригадата на Хамас во градот Газа“, се додава.

Исто така, се вели дека воените авиони и артилерија на ИДФ, со помош на копнените сили, убиле „голем број терористи“ и откриле оружје во областа Беит Ханун, град на североисточниот раб на Газа.

„Војниците открија оружје, разузнавачки материјал, пушка АК-47, автомат, магазини, гранати, експлозивни направи, РПГ, средства за комуникација и мапи“, се вели во соопштението.

Тие објавија и фотографија од пронајденото оружје.



Слични Објави