Израелската армија повторно издаде наредба за евакуација на северот на Газа
Израелската војска повторно упати повик до жителите на Газа да го евакуираат северниот дел од територијата пред претстојната израелска операција.
Портпаролот на ИД Даниел Хагари рече: „За ваша итна безбедност, ги повикуваме сите жители на северниот дел на Газа и градот Газа привремено да се преселат на југ“.
Тој додаде: „Враќањето назад во северниот дел на Газа ќе биде можно откако ќе завршат интензивните непријателства“.

