Извештај на ЕП за РСМ: Најавениот заеднички амандман на европските народни и социјалистички партии – шлаканица за заедничката надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Facebook статус на Ивон Величковски
1. Парадоксално, македонскиот јазик и идентитет ги бранат европските конзервативци штитејќи го – Преспанскиот договор и целината што тој ја прави со Рамковниот и Договорот за добрососедство.
Затоа што формалното признавање вклучително и низ практичното е резултат на Уставот на РСМ и – овие три договори.
Замената на “многувековниот” со “модерниот” јазик и идентитет значи дека на Скопје не му се дозволува да го крши Преспанскиот и да се враќа назад на антиквизација што го загрозува словенскиот корен на македонскиот јазик и идентитет.
И на тој начин суштински го штити – македонскиот јазик и идентитет.
2. “Модерниот” пред македонскиот јазик и идентитет во Извештајот е порака што сестринските партии му ја упатија на Мицкоски: не може да водиш спор на Белград (Будимпешта – Бања Лука) преку Скопје со Софија.
“Модерниот” го враќа Извештајот во форма на понуда кон Мицкоски која ја најавив пред еден месец: излезно решение да премине од предизборна реторика на владина политика. Без триумфирање, оти секоја следна понуда ќе биде “полоша”.
3. Фактот што амандманот е заеднички на европските конзервативци (ЕНП) и социјалисти (ПЕС) е порака и до “сестринската” СДСМ.
“Бихаќка” вградена во надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ е препозната како подружница на “Белата палата” како во Скопје така и во Брисел.
Шлаканицата за централата жежи и на образот на подружницата.
Притисокот врз двете партии е очигледен – да се вратат на политика од интерес на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија.
Затоа традиционалните медиуми и партиски Пи-аРи се на максимум, а “вознемирувањето на јавноста” – на минимум.