ИЗВЛЕЧЕНА ЖЕНА ОД КАНАЛ ВО СТРУМИЦА

Претпладне околу 08:30 часот во близина на Рекиџиски мост на излезот од Струмица кон село Добрејци, пожарникарите извлекле жена падната во каналот. Таа е извадена жива и неповредена и била предадена на екипа на итната медицинска помош по што била префрлена во струмичката болница. Настанот го потврдија од Територијалната против пожарна единица на Струмица. Во извлекувањето на жената учествувале тројца пожарникари и едно техничко против пожарно возило. Дополнително ќе се утврдуваат причините за незгодата.

loading...

loading...