ЈАНУШЕВ ЗА ЗАЕВ: ПРЕД КАМЕРИ Е СО РАКА НА СРЦЕ А ПОЗАДИ НИВ ГО ПЦУЕ НАРОДОТ
„Го видовме вистинското лице на Зоран Заев. Кога е пред камери, е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ. Пцуењето на Зоран Заев кон народот е тешка навреда за секој еден граѓанин, било тоа да е член на СДСМ или на ВМРО, или да не е член на ниту една партија. Нема друг таков политичар во светот кој го пцуе сопствениот народ и кој е аболиран за криминал“. Ова денеска на прес-конференција го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Јанушев истакнува дека „Заев признава дека СЈО предводена од рекетарската и криминогена дружина од на Катица Јанева е целосно под негова контрола. Тој самиот кажува дека управува со оваа компромитирана институција за рекет со зборовите „СЈО ќе превземе драстични чекори“! Зоран Заев призна дека прислушуваните материјали ги давале надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери, но воедно дознаа и шарените, но и целата јавност дека и, цитирам, „Граѓанските организации, тоа што е финансирано од СОРОС, граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се се полни со луѓе од СДСМ“.
„Бараме јавно извинување од Зоран Заев за тешките навреди и пцости кон народот. Овој човек не е достоинствен и не заслужува да се занимава со политика. Оставката е единственото нешто што му преостанува во услови кога е потопен со криминал и корупција“ – вели Јанушев.

