ЈАПОНИЈА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ УЧИЛИШТА ДО МАРТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

//

Јапонија ќе ги затвори сите училишта во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.
Премиерот Шинзо Абе ги замоли сите јапонски училишта да бидат затворени еден месец за да помогнат да се спречи ширењето на вирусот. Ова е втора земја, по Кина, којашто ги затвора училиштата поради епидемијата.

Говорејќи пред состанокот на работна група за коронавирусот, Абе рече дека „приоритет му е здравјето и безбедноста на децата“ и се обидува да превенира широка распространетост на вирусот.

Бројот на случаи на коронавирус постојано се зголемува во Јапонија, достигнувајќи 186, вклучувајќи и четири смртни случаи. Исто така, има повеќе од 700 случаи и четворица смртни случаи на бродот закотвен во Јокохама, Јапонија.



Абе рече дека училиштата треба да останат затворени до пролетната пауза. Јапонската учебна година завршува во март, а новата година обично започнува на почетокот на април.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ПРИТВОР ЗА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ КОЈ СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ

Следна статија

СКАНДАЛ ВО КОШАРКАТА: ИГРАЧИ И РОДИТЕЛИ НАПАДНАЛЕ СУДИИ, ЗА ШТО СЕ ЖЕСТОКО – КАЗНЕТИ!

Најново од Вести