СКАНДАЛ ВО КОШАРКАТА: ИГРАЧИ И РОДИТЕЛИ НАПАДНАЛЕ СУДИИ, ЗА ШТО СЕ ЖЕСТОКО – КАЗНЕТИ!

/

Дека во младинската кошарка работите одамна не се како што треба, пред сѐ во делот на однесувањето на актерите на теренот, но и на навивачите (читај родителите) на трибините покажуваат и случувањата на неодамнешниот меч од М18-лигата помеѓу Феникс и Вардар, кој беше прекинат поради обид за напад на судиите.

Во улога на напаѓачи, неофицијално, биле неколкумина родители на кошаркарите на црвено-црните, како и дел од играчите на овој тим, поради што комесарот Сречко Хорват изрече жестоки казни. Инцидентот се случил на почетокот од последната четвртина при водство на Феникс со 49-35, кога револтирани од досудениот прекршок и техничка грешка на кошаркар на Вардар дел од навивачите влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со официјалните лица. Тие се вратиле на трибините дури по интервенција на полицијата, по што се сакале да го прекинат снимањето на мечот и да му ја земат камерата на официјалниот снимател.

Натпреварот поради сето ова бил прекинат, а потоа и регистриран со службена победа на Феникс со 20-0, со тоа што на вардарци нема да им се додели бодот наменет за поразената екипа. Воедно, драстично е испразнета касата на Вардар кој за огромниот број технички и исклучувачки грешки, како и пријавите за нивните играчи по мечот ќе треба да плати вкупно 125.600 денари. Три кошаркари на овој тим, Мухамед Тачи, Павел Атанасов и Марин Петков се суспендирани на по пет натпревари и тоа за исклучување, обид за напад на судиите и за пријава по мечот.

Суспензија од по два натпревари добија и двајцата судии на оваа средба, Петровиќ и Филиповски.



Извор: Спорт1

Претходна статија

ЈАПОНИЈА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ УЧИЛИШТА ДО МАРТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДЕБРАНЕЦОТ КОЈ ОБИДЕ ДА СИЛУВА СОГРАЃАНКА

Најново од Вести