Јапонија: Премногу е рано да се потврди дека Северна Кореја може да изврши нуклеарен ракетен напад
Портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши денеска изјави дека е премногу рано да се заклучи дека Северна Кореја има технолошка способност да изврши напад со крстосувачки ракети опремени со нуклеарно оружје.
„Се чини дека Северна Кореја сака да ја добие технологијата што би ѝ овозможила да изврши напад со крстосувачки ракети опремени со нуклеарно оружје“, рече Хајаши на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
Тој посочи дека е неопходна внимателна анализа за веродостојно да се заклучи дали тие поседуваат таква технологија.
На 2 февруари, Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети, како и нови ракети земја-воздух во близина на нејзиниот западен брег, објави севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“. Ова е четврто лансирање на ракета од Северна Кореја за нешто повеќе од една недела, пренесува Танјуг.
